Сподели:

Владата ја усвои информацијата на МИОА за мапирање на јавните институции и локации за бесплатен WI-FI пристап

Скопје, 5 јули 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со реализација на мерките утврдени во Националниот оперативен бродбенд план.

Со таа цел, на последната владина седница беше усвоена информацијата за мапирање на јавни институции и локации за бесплатен WI-FI интернет пристап.

Имајќи предвид дека во соработка со Светска Банка во октомври 2019 година, треба да започне подготовката на Студијата за изводливост за изградба на Национална оптичка транспортна мрежа, на којашто понатаму ќе треба да се поврзат јавни институции и локации во општините за бесплатен безжичен WI-FI интернет пристап за граѓаните,  неопходно е јавните институции и локалните самоуправи во најкус можен рок до  јавното претпријатие Национална радиодифузија,  да достават информации за нивното телекомуникациско поврзување (постојно и планирано) како и за локациите за бесплатен безжичен WIFI интернет пристап .

Исто така, Националната радиодифузија треба да обезбеди листа на јавни институции кои ќе се поврзат на мрежните јазли на Национална Транспортна Оптичка мрежа и листа на локации на кои ќе се обезбедува бесплатен безжичен WI-FI интернет пристап во општините, парковите... кои ќе се поврзат на мрежните јазли на оптичката мрежа.  

Јавни институции на кои се однесува оваа информација се образовни институции- училишта, универзитети, библиотеки, истражувачките центри..., здравствени установи, министерства, судови, финансиски установи, локални самоуправи и други државни органи и тела.

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form