Сподели:

Често поставувани прашања за Информационен систем за управување со човечки ресурси

  • 1. Користење на системот ИСУЧР
  • 2. Правна регулатива (Човечки ресурси)
  • 3. Технички прашања
  • 4. Прашања за овластените лица


  • 1. Користење на системот ИСУЧР


  • 1.1 П: При внесување на работни места во полето ОДГОВАРА ПРЕД (во нашиот случај директор) не може да се внесе податок бидејќи во табелата нема ред за селектирање и нема што да се избере. Исто така, не може да се внесат податоци за функционер или именувано лице. Ова се однесува за сите служби кои постојат во училиштето.

    О: Кога се внесува директор, полињата Раководител на организациската структура и Раководно лице треба да бидат штиклирани, а полето ОДГОВАРА ПРЕД останува празно.

    1.2 П: Во систематизацијата нема работно место директор. Полето ОДГОВАРА ПРЕД е задолжително. Додека при негово отворање се појавува празен прозорец. Како да се додаде работното место директор?

    О: Исто како и следното: „Внесете го директорот како секој друг вработен, а во делот за поврзување со работно место да го поставите на работното место директор кое претходно ви е креирано. Во систематизацијата бидејќи работната позиција директор е функција истата не се систематизира, а должностите на директорот се утврдени во Законот за основното образование“.

    1.3 П: Која е постапката за внесување на работно место директор во ЈУОДГ, со оглед дека не е предвидено со каталогот на работни места, а во постапката кога се внесува поединечно секое работно место во службите бара да се пополни полето ОДГОВАРА ПРЕД.

    О: Внесете го директорот како секој друг вработен, а во делот за поврзување со работно место да го поставите на работното место директор кое претходно ви е креирано. Во систематизацијата бидејќи работната позиција директор е функција истата не се систематизира, а должностите на директорот се утврдени во Законот за основното образование.

    1.4 П: Кај полето: Прикажи ги сите работни места - Функција/ Назив на позиција/ Звање, се бара да се избере ред а нема ред за избирање.

    О: Нема ред ако немате внесено работни места.

    1.5 П: Kако да го имплементираат законот институции со самофинансирање кои делуваат како НВО.

    О: Се молат тие институции да се обратат писмено до МИОА.

    1.6 П: По грешка е внесена е организациска единица, која сега не може да се избрише.

    О: Потребно е да се даде дополнително објаснување за ситуацијата.

    1.7 П: Дали по зачувување на организациска единица, истата може да се избрише?

    О: Се додека не се активира систематизација може да бришат и да се додаваат организациони единици.

    1.8 П: Дали во полето АРХИВСКИ БРОЕВИ треба да се внесат архивските броеви на систематизацијата или може да остане празно?

    О: Се внесуваат Архивските броеви на Правилниците.

    1.9 П: При пополнување погрешно е впишан сектор во делот од организациската структура која што се однесува на одделение а при внесување на одделенија во сектор е погрешен редоследниот број на одделенија како може да се исправи тоа бидејќи системот не дозволува бришење?

    О: Се додека не се активира систематизацијата, може да се брише или уредува, согласно вашиот избор на опција која повеќе ви одговара.

    1.10 П: Дали може да се избрише она што е сработено, па да се почне од почеток, или да се продолжи со внесување?

    О: Се додека не се активира систематизацијата, може да се брише или уредува, согласно вашиот избор на опција која повеќе ви одговара.

    1.11 П: Во систематизација на училиштето се внесени работни места на наставници по изборни предмети за кои оваа година нема потреба. Дали да се внесуваат и тие во системот?

    О: Да, како работни места.

    1.12 П: Кога се внесуваат податоци за работни места во делот каде се внесуваат податоците, може да се внесе звање и позиција, но во табелата под тоа секаде стои податокот за звање,односно сите работни места се со исто звање (наставник во основно образование) и нема колона каде може да се види за која позиција се однесува работното место (пример наставник по македонски јазик)

    О: Во полето Назив на работно место слободно се внесува текст. Пр. Наставник по Македонски јазик.

    1.13 П: Во системот успешно се внесени само општите податоци за Судот. Следен чекор е да се внесат податоци за функционерот (претседателот на судот) и да се внесат организационите единици, меѓутоа и покрај филмовите упатства не успеваме во тоа. Која е постапката за внесување на овие податоци.

    О: Начинот како да се внесуваат организациските структури дадени ви се во видео упатството „film2“ и во Корисничкото упатство во делот 3.1.3 Уредување на Институција / систематизација страна 30- страна 31

    1.14 П: Дали кај АКТИ треба да се внесат сите систематизации од почетокот на работата на институцијата или само последната?

    О: Треба да се внесува само систематизацијата која ќе е одобрена од МИОА согласно Законот за вработените во јавниот сектор.

    1.15 П: Во системот и во систематизацијата на Центрите нема шифра за директор.

    О: Директорите немаат шифра во систематизација и не се систематизираат бидејќи се функционери и нивните надлежности се дадени во материјалните закони. Во системот кога се внесуваат самиот систем на функционерите им додава шифра која се употребува само за системот.

    1.16 П: Дали може да се замени овластеното лице? Дали може да се овласти дополнително лице?

    О: Да, замената ќе се направи само врз основа на соодветни дописи.

    1.17 П: Дали може да се промени корисничкото име за влез во системот?

    О: Не.

    1.18 П: Како администраторите на системот од институциите да се внесат себе си во едно од организациските единици?

    О: Исто како и другите вработени.

    1.19 П: Како да се внесе директорот на училиштето, кој не постои во систематизација, а по хиерархија постои, а треба да се назначи за одговорен на секоја служба?

    О: Внесете го директорот како секој друг вработен, а во делот за поврзување со работно место да го поставите на работното место директор кое претходно ви е креирано. Во систематизацијата бидејќи работната позиција директор е функција истата не се систематизира, а должностите на директорот се утврдени во Законот за основното образование.

    1.20 П: Во институцијата има вработени со посебни овластувања. Дали уште на формирање на секторот треба да се избере: единица во која има службени лица со посебни овластувања или структурна организациона единица?

    О: Доколку во таа единица имате службени лица со посебни овластување ќе изберете „единица во која има службени лица со посебни овластувања“.

    1.21 П: Како систематизацијата со статус активна да се врати во состојба на нацрт, со оглед на тоа што не се внесени сите податоци.

    О: Не може. Една систематизација треба да се активира само доколку сте сигурни дека се е како што треба.


  • 2. Правна регулатива (Човечки ресурси)


  • 2.1 П: Дали рокот за внесување на податоците во системот ќе се продолжи?

    О: Согласно заклучок на Владата на Република Македонија терминот кој е означен за краен рок е 01.11.2015.


  • 3. Технички прашања


  • 3.1 П: Кога се најaвувам на страната hrm.gov.mk ми појавува "Your connection is not private", што да направам?

    Одговор.

    3.2 П: Како да променам лозинка?

    Одговор.

    3.3 П: Ја имам заборавено лозинката, како да ја променам?

    Одговор.

    3.4 П: Како да пристапам до корисничките упатства?

    Одговор.


  • 4. Прашања за овластените лица


  • 4.1 П: Кој треба да биде овластено лице за ИСУЧР?

    О: Лице од вашата институција кое е раководител на Одделението за човечки ресурси, или кое е вработено во Одделението за човечки ресурси или е овластено да управува со податоците од човечки ресурси во вашата институција.

    4.2 П: Кои се обврските на овластените лица?

    О: Овластените лица ќе може да внесуваат и менуваат податоци за институцијата и вработените.

    4.3 П: Како се овластува лице за работа на ИСУЧР?

    О: За лицето кое ќе се назначи за овластено лице, се пополнува образецот поставен на линкот овој формулар на страната http://mioa.gov.mk/?q=mk/node/731, и истиот откако ќе биде потпишан од раководно лице и архивиран, се доставува по регуларна пошта до министерот за информатичко општество и администрација, а дополнително може да се прати и скениран на hrmis@mioa.gov.mk.

    4.4 Колку лица може да се овластат од една институција?

    О: Може да овластите онолку лица колку сметате дека се потребни за управување со податоците за ЧР, но препорачливо е да имате едно лице доколку вашата институција има до 80 вработени, две лица доколку вашата институција има од 81 до 160 вработени, и три или повеќе лица за институции со најмалку 161 вработен.

    4.5 Дали може да се овласти уште едно лице?

    О: Да, но и за тоа лице треба да се примени постапката од одговорот на прашањето 4.3.

    4.6 П: Едно од овластените лица е назначено на други должности/ напушти работа/ ќе биде отсутно од работа подолго време или др. Дали може да му се одземе овластувањето?

    О: Да, со испраќање на допис во кој се изјавува за кое лице станува збор со внесување на неговите податоци.

    4.7 П: Дали може едно овластено лице да се замени со друго?

    О: Да, со еден допис опишан во одговорот на прашањето 4.6 за лицето кое се заменува, а во кој како прилог ќе се достави пополнет формулар за лицето кое ќе биде овластено, согласно постапката од одговорот на прашањето 4.3.

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form