Сподели:

НАЈАВИ

Скопје, 12 март 2018 година

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе се обратат на завршниот настан во рамки на одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските евреи. Свое обраќање ќе има и амбасадорот на Државата Израел во Македонија, Дан Ориан.

Скопје, 07 март 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација и израелското министерство за надворешни работи го организираат првиот хакатон „Биталон“, што ќе започне на 10ти март (сабота) во 18:00 часот во Центарот за култура во Битола.

Скопје, 22 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска ќе одржат заедничка прес конференција.

Скопје, 1 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Светска Банка за Македонија, Марко Мантованели ќе одржат заедничка прес конференција.

Скопје, 11 јануари 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за драфт верзиите од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2018-2022 и Акцискиот план за Стратегијата.

Скопје, 19 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и постојаниот координатор на ОН и претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон, ќе го најават почетокот на проектот „Една точка на услуги“ и почетокот на функционалната хоризонтална анализа на јавната администрација.

Скопје, 18 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со американскиот амбасадорот Џес Бејли, официјално ќе ја отворат работилницата Peace Tech Exchange, наменета за вработените во институциите на власта. Настанот ќе се одржи денеска со почеток од 10:00 часот, во хотелот Буши Ресорт во Скопје.

Скопје, 6 декември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски ќе одржи прес конференција. Прес конференцијата е закажана за денеска (06.12.2017), со почеток од 12.00 часот, во медиа центарот во Владата на РМ.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form