Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 10 мај 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, денеска се обратија на јавната расправа за мерките и активностите потребни за воведување на 5G технологија во Македонија.

Министерот Манчевски се осврна на придобивките од воведување на 5G, и неопходноста од вклучување на сите засегнати страни при креирање на политиките за обезбедување на условите.

Скопје, 10 мај 2018 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се обрати на настанот за промоција на истражувањето: „Анализа на именуваните и избраните лица. Извештај од следење: Колкав и каков јавен сектор имаме во Македонија“.

Скопје, 9 мај 2018 година

Во рамки на конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“, беа презентирани мерките и активностите кои во изминатите единаесет месеци ги реализираше Владата, надвор од предвидените мерки во последниот акциски план.

Скопје, 8 мај 2018 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски денес се обрати на отворањето на првата национална симулациска вежба за справување со комјутерски криминал/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво.

Скопје, 8 мај 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска ја отвори конференцијата „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2018-2020“.

Како што истакна тој воспоставувањето доверба меѓу владите, граѓанските организации и граѓаните е од клучно значење за јакнење на демократијата во едно општество.

Скопје, 7 мај 2018 година

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за мерките и активностите потребни за воведување на 5G мобилната технологија во Република Македонија.

Скопје, 4 мај 2018 година

Состанок на работната група за утврдување слободни капацитети и нивно идно користење на електронски комуникациски мрежи и средства, со која што претседава министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, го одржа својот редовен состанок.

Скопје, 4 мај 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на отворањето на научната конференција: "Управување во јавниот сектор: предизвици и перспективи" во организација на Факултетот за современи науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Скопје, 3 мај 2018 година

Слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество. Тие се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој.

Нападот врз слободата на медиумите, е напад врз владеењето на правото и напад врз човековите права.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form