Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 16 јануари 2019 година

Во 2019-та година, МИОА го проширува системот за микроучење, за вработените во јавната администрација. Листата се зголемува со сите институции кои до сега не беа регистрирани, се со цел секој вработен во јавната администрација да има пристап до обуките што МИОА ги нуди. Во моментов МИОА располага со 42 различни курсеви.

Скопје, 14 јануари 2019 год.

Во насока на подобрена ефикасност на управните постапки и доследна примена на Законот за општа управна постапка (ЗОУП), Министерството за информатичко општество и администрација, од денеска отвора точка за информирање (helpdesk) и обезбедување на практични совети за јавните органи за примената на ЗОУП.

Вевчани, 13 јануари 2019 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска присуствуваше и се обрати на традиционалниот Вевчански карневал „Василичари 2019“.

Како што истакна министерот Манчевски, карневалот во Вевчани претставува симбол на демократијата, сатирата и критиката во Македонија.

Скопје, 11 јануари 2019 год.

Почитувани,

Министерството за информатичко општество и администрација организира јавна расправа за Националниот оперативен план, на 17-ти јануари 2019 година (четврток), со почеток од 10:00 часот, во Клуб на пратеници.

На јавната расправа ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Вашингтон, 4 јануари 2019 година

2018 година беше клучна за зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност во Република Македонија. Во таа насока е и партнерството на Министерството за информатичко општество и администрација со Светска Банка.

Скопје, 27 декември 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација ја објави работната верзија на Националниот оперативен бродбенд план.

Скопје, 24 декември 2018 год.

Министерството за информатичко општество и администрација, денеска го промовираше новиот портал за отворени податоци. На јавната расправа за придобивките од зголемувањето на транспарентноста на институциите се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски...

Скопје, 18 декември 2018 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, се обрати на тркалезната маса насловена како: „Координација и соработка во реформата и развојот на секторот за комунални дејности во Република Македонија“, во организација на Асоцијацијата на даватели на јавни услуги-АДКОМ.

Скопје, 14 декември 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска учествуваше на работна средба со раководните лица на институциите и офицерите за отворени податоци.

Средбата се одржа во рамки на редовните активности на работните групи за отворени податоци, со цел координација и непречена реализација на мерките и активностите од Стратегијата за отворени податоци со Акциски план 2018-2020 година.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form