Министерот Ивановски го претстави петтото целосно компјутеризирано училиште

Битола, 29 Април 2008

Министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски со градоначалникот на Битола г-дин Владимир Талески на 29.04.2008 го посетија  средното  училиште „Таки Даскало“, кое во рамките на проектот „Компјутер за секое дете“ е петто целосно компјутеризирано училиште во Македонија.


Во училиштето целосно се опремени 29 кабинети со 1044 компјутерски работни места. Ова училиште е едно од поголемите средни училишта во Македонија. Денес во СОУ “Таки Даскало” се школуваат 1830 ученици во четири струки (рударска, собраќајна, графичка, текстилна) и гимназиско образование, а во процесот на едуцирање на кадри се вклучени 106 наставници, пред се млади луге, подготвени да го прифатат предизвикот на времето сегашно и времето што доаѓа.


Покрај ова училиште во Битола целосно се компјутеризирани уште 4 други средни училишта. Тоа се средните училишта Ѓорѓи Наумов, Јован Калаузи, Јане Сандански и Државното музичко училиште.

 Планот на Владата е до почетокот на август сите средни училишта да бидат опремени, а до септември и сите основни училишта.

Владата за овој проект набави 98.710 компјутери, со кои целосно ќе бидат опремени 93 средни и 354 основни училишта. Во првата фаза се опфатени две третини, а од идната година ќе има и дополнителен број компјутери за да се опфати последната третина за учениците од пониските одделенија.


Покрај „Компјутер за секое дете“,  Владата го спроведува и проектот „Светот на дланка“ со кој е овозможено користење интернет во бесплатни интернет-клубови во земјава, како и бесплатни обуки за сите граѓани кои сакаат да научат да работат со компјутери и да користат интеренет. Исто така, зголемена е за околу 20 проценти државната квота за информатичари на факултетите на државните универзитети, а во фаза на отворање е и универзитет за информатички технологии