Mодели на договори


Модел на договор за јавна набавка на ИКТ услуги

Согласно обврските на Министерството за информатичко општество кои произлегуваат од Националната стратегија за развој на електронските комуникации со информатички технологии и обврките од НПАА, како и Владината заложба за обезбедување на поголем квалитет во извршувањето на услугите, Министерството за информатичко општество во соработка со Бирото за јавни набавки подготви Модел на договор за јавна набавка на ИКТ услуги. Во овој модел на договор се опфатени одредби кои подетално се однесуваат на услугата и на нивото на испорачаната услуга.

 


Општ приказ на договор за ниво на испорачана услуга за услуги од областа на информатичката технологија

Ова е општ приказ на договор за ниво на испорачана услуга за услуги од областа на информатичката технологија. Договорот за ниво на испорачана услуга за услуги од областа на информатичката технологија содржи одредби со кои подетално се дефинира нивото на услуга која давателот се обрвзува да ја даде на примателот на услугата. Овој договор воспоставува заедничко договорени нивоа на услуги, методи на контрола и соодветни обврски на инволвираните страни. Договорот за ниво на испорачана услуга за услуги од информатичката технологија се однесува на определување и контрола на квалитетот на договорените, испорачаните и извршените услуги од областа на информатичката технологија.

 

Пример на договор за ниво на испорачана услуга за услуги од областа на информатичката технологија

Ова е пример на Договор за ниво на испорачана услуга за услуги од областа на информатичката технологија. Овој пример е даден со цел да добиете појасна слика за тоа како изгледа овој договор кога се применува во практиката.


Напомена: Моделот на договор јавна набавка на ИКТ услуги е сеопфатен договор и во него се вклучени одредби од Договорот за ниво на испорачана услуга за услуги од областа на информатичката технологија. Затоа во практичната примена се препорачува Договорните органи да го користат овој модел на договор.