Во рамки на проектот „Компјутер за секое дете“ поставени 800 компјутери во средното економско училиште во Гостивар

Гостивар, 26 Мај 2008

На пригодна свеченост во Средното општинско економско училилиште во Гостивар денеска беа ставени во функција 800 компјутерски работни станици, како дел од проектот на Владата „Компјутер за секое дете“.



Министерот за информатичко општестово, Иво Ивановски во оваа пригода изјави дека Македонија со овој проект ќе стане една од најразвиените земји кои во образовниот процес користат компјутери.

- Со овој проект дефинитивно влегуваме во мапата на високо технолошко развиени земји и наскоро соодносот ученик-компјутер ќе биде два спрема еден, изјави Ивановски.
Според него, во наредниве три недели ваква опрема ќе биде инсталирана уште во 11 средни училишта низ Македонија, а наскоро ќе бидат инсталирани и во основните училишта низ државата. Досега, со проектот биле опфатени 23 средни училишта низ земјава и предвидено е да се инсталираат вкупно 100 илјади компјутери. На свеченоста во Гостивар присуствуваше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.