ИТ компании од Естонија заинтерсирани за соработка со македонските фирми

Скопје, 02 Јуни 2008

Естонски компании од областа на ИТ секторот се заинтересирани за соработка со македонски ИТ компании. Претставници на 20-тина компании, кои присуствуваа на Конференцијата организирана од министерот за инфорамтичко општество М-р Иво Ивановски денеска во Скопје, ги презентираа своите програми и цели. 


Министерот Ивановски, кој ја отвори конференцијата, рече дека естонските фирми доаѓаат во толку голем број бидејќи ги препознале напорите на македонската Влада за развој на информатичкото општество и за привлекување на странски инвестиции.

- Оваа Влада има зацртано огромен број проекти за развој на информатичкото општество со кои ќе се привлекуваат поголем број странски инвеститори кои ќе отворат нови работни места и ќе се развива економијата во Македонија, истакна Ивановски. 
Поздравен говор одража и Министерот за странски инвестиции, Глигор Ташковиќ.

Ханес Асток, пратеник во Собранието на Естонија, рече дека естонските фирми кои се дојдени во Македонија имаат искуства во областа на информатичкото општество и заедно со македонските фирми може да воспостават добри бизнис релации. 

- Македонија се развива брзо и многу инвестира во човечките ресурси на ИТ секторот, затоа мислам дека естонските компании ја гледаат Македонија како пазар што се развива, додаде естонскиот пратеник Ханес Асток.

На крајот свое учество на конференцијата зеде и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, кој ги истакна поволностите од инвестирање во земјава и притоа го објасни начинот на регистрирање на странска фирма во Република Македонија.