Едубунту емисии


ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ЕМИСИИТЕ ЗА "ЕДУБУНТУ"


Во рамките на завршените активности од проектот „Компјутер за секое дете“ е поставувањето на компјутерите во сите средни училишта, вклучувајќи инсталација на 43 образовни алатки преведени на македонски и албански јазик на сите компјутери. Покрај самиот оперативен систем Едубунту, софтверскиот пакет се состои од пакетот за канцелариско работење Open Office, и едукативни алатки од предметите математика, хемија, физика, географија, латински јазик и информатика. Изборот на алатките е направен во соработка и советување со државните советници по предметите.

 

Обуките на наставниците за ефективно користење на инсталираната опрема се компонентата со која се обезбедува широка и брза применливост од оперативен аспeкт, а трајност и одржливост на проектот од стратешки аспект. Во периодот од март до јуни оваа година беа спроведени обуки на сите наставници од средните училишта, и истото е во план и за наставниците од основните училишта.

 

По обуките, се увиде потреба за популаризација на инсталираното софтверско решение не само за наставниците, туку и за останатите учесници во воспитно образовниот процес, учениците, родителите, вработените во институциите одговорни за нашето образование, за идните наставници, но и пошироко.

 

Со цел едукацијата да се направи достапна до сите, се реализираше серијал од 40 едукативни емисии кој се емитуваше на двата програмски сервиси на Македонската радио телевизија, на македонски и на албански јазик, како и на програмските сервиси А1 и А2.

 

 

За да ги погледнете емисиите на македонски јазик кликнете ТУКА

За да ги погледнете емисиите на албански јазик кликнете ТУКА