ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР


м-р ИВО ИВАНОВСКИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА


М-р Иво Ивановски е роден во Битола на 10 јануари 1978 година.

 

Во 2001 година дипломирал во областа на информатички науки и компјутерско инженерство на Државниот Универзитет Охајо, во градот Колумбус, Охајо (САД). Своето образование го продолжил на Франклин Универзитетот, каде во 2003 година се здобил со магистерска диплома во областа на компјутерските науки.

 

За време на неговиот престој во САД, тој бил менаџер на ИТ секторот во компанијата „Plaskolite Incorporated“, еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот.

 

На 21 декември 2006 година, м-р Иво Ивановски е именуван од Претседателот на Владата на Република Македонија и избран од Собранието на Република Македонија како министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество.

 

На 1 август 2008 година, е избран за Министер за информатичко општество.
На 28 јули 2011 година, министерот Ивановски по трет пат е избран за Министер за информатичко општество и администрација.

 

Во јуни 2010 година, тој е именуван за Комесар во Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој на Меѓународната телекомуникациска унија и UNESCO.

 

Во својата кариера, Иво Ивановски бил Претседавач на 5-тиот Светски форум за телекомуникации и информациско – комуникациски технологии во 2013 година во Женева, Швајцарија.

 

Од страна на Меѓународната телекомуникациска унија му е доделен Сребрен медал и сертификат за неговиот „особен придонес“ во телекомуникациите.

 

Иво Ивановски го раководеше Министерството за информатичко општество и администрација до 15 септември 2015 година.