Доделување на дипломи во Куманово

Куманово, 27 август 2008

Продолжува реализацијата на обуките за користење на компјутери за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, како дел од кампањата „Македонија – земја на информатичари“ . На 27 Август 2008 во Куманово замeник министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска ги додели дипломите на лицата кои успешно ги завршија бесплатните обуки за работа со компјутери.


“Потребата од познавање на работа со компјутери е неминовност за секој човек и неопходност при конкурирање за работа. Со овие обуки граѓаните имаат можност да се здобијат со знаења од областа на информатичката технологија и истите ќе можат адекватно да ги применат во секојдневниот живот и со тоа да имаат поголема конкурентност на пазарот на работна сила.”- изјави заменик министерот.

 

Ова е втор циклус од реализацијата на бесплатните обуки. Во Куманово во рамките на овој циклус ќе се обучат вкупно 690 заинтереситани граѓани. Од 16 Јули до сега 235 граѓани веќе имаат завршено со обуките, а во моментов се обучуваат 115 лица кои се планира да завршат со обуките на 9 Септември. На граѓаните кои завршија со обуките беше извршена евалуација на знаењата и истата покажаа одлични резултати. Старосната структурата на граѓаните кои ги посетуваат овие обуки е разновидна, што укажува на фактот дека постои заинтересираност за обуките кај луѓето од различни возрасти.



Во овој втор циклус на обуката за користење на компјутери за сите заинтересирани граѓани се пријавија вкупно 17858 граѓани од целата држава. Оваа година се покажа дека има поголема заинтересираност кај школите за обука, така што вкупно 8 школи ќе ја извршуваат обуката на заинтересираните граѓани. Реализацијата на обуките се планира да заврши до 15 Декември 2008, во сите градови во Македонија освен Скопје, каде поради тоа што има пријавено најголем број на граѓани, повеќе од 7000, овој рок ке биде пролонгиран.