Проектите на МИО пред бугарската и македонската бизнис заедница

Скопје, 20 Септември 2008

Заменикот Министер за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска, се обрати на Македонско- бугарскиот бизнис форум, кој се одржа на 20 септември во х. Холидеј Ин. Заменик министерот, конкретно, се обрати на третата сесија која се однесуваше на Развојот на висока технологија и инфраструктура.


Во својата презентација заменик министерот ги претстави проектите кои Министерството за информатичко општество ги води и кои имаат за цел подобрување на бизнис климата, како и на целокупната економска благосостојба на граѓаните. Поради присуството на претставници од бизнис секторот, д-р Секуловска посебно се задража на проектите на МИО кои се од областа на е-бизнисот како што се : е-поднесување на даночни пријави, дигитални сертификати за работодавачите, земјоделкски информациски систем, интерактивна Македонија, Е-катастар, електронски систем за јавни набавки и информацискиот систем на интегрирано гранично управување.


На Бизнис форумот присуствуваа значајни луѓе од бизнисот и дипломатскиот кор, кои придонесуваат да се охрабрат економските активности на компаниите проследени со широко отворање на пазарите во регионот.

Организатори на форумот беа Евро- атлантскиот клуб на Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, НАТО информативниот центар во Софија и Атлантскиот клуб од Бугарија.