Поздравен говор за ИБМ

Скопје, 24 Септември 2008

Заменик министерот за информатичко општество, д-р Мирјана Секуловска на 24 септември во Александар Палас во Скопје, со поздравен говор ја отвори церемонијата за свеченото отворање на Претставништвото на  мултинационалната компанија ИБМ во Македонија.


Во говорот, д-р Секуловска, на претставниците од ИБМ им посака срдечно добредојде и среќа во работењето на македонскиот пазар при што истакна дека градењето на едно информатичко општество не би било целосно без присуството на мултинационалните компании од ИТ секторот.

“Влезот на ИБМ на македонскиот пазар, ќе претставува сигнал и зелено светло за сите други познати софтверски компании, дека Република Македонија е пазар на кој вреди да се работи, пазар кој во себе содржи големи потенцијали и на кој може да се сретне голема побарувачка за нивните производи. За ова говори и податокот за растот на македонскиот ИТ пазар, кој  според МАСИТ, изнесува 40%. Ова го рангира македонскиот ИТ пазар како најбрзорастечки во Европа“, изјави заменик министерот Секуловска.

На церемонијата со свој поздравен говор се обратија и  г. Горан Бабиќ, раководителот на преставништвото на ИБМ во Македонија како и заменикот амбасадор на САД во Македонија, Томас Навратил.