Посета на основните и средните училишта

13 Октомври 2008

На 13.10.2008 година заменик министерот за информатичко општество д-р Мирјана Секуловска беше во посета на општина Ресен.
Беше остварена средба со директорите и вработените на двете основни училишта во Ресен и се разговараше за проектот “Компјутер за секое дете”.


 

Исто така беше посетена и гимназијата “Цар Самоил”, во која што заменик министерот со директорот и присутните вработени направи обиколка на училниците каде што се поставени компјутерите.
  На средбата беа иницирани прашања во врска со обезбедувањето на компјутерската опрема и нејзино одржување, клупите, едукацијата на наставниците итн.
Во врска со тоа, директорите и вработените беа информирани од страна на заменик министерот д-р Мирјана Секуловска, дека многу брзо ќе бидат поставени нови соодветни по големина клупи за компјутерите, дека најскоро ќе започне едукацијата на наставниците за користење на компјутерите и дигиталните содржини значајни за нив во наставниот процес и дека Министерството за информатичко општество и Владата на Р. Македонија ќе изнајдат решение за безбедноста на опремата од кражба, како и за проблемот со одржување на опремата и технологиите.


Не беше изоставен и бесплатниот Интернет клуб во Ресен, којшто беспрекорно функционира и во моментот на посетата беше регистрирана голема посетеност.  Посетителите и вработените во разговор со заменик министерот изразија големо задоволство од отвореноста на клубот и дека користа за граѓаните е огромна.