В А У Ч Е Р И


Почитувани граѓани,



Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество во рамки на проектот „Македонија – Земја на информатичари“ реши да спроведе програма за доделување вредносни ваучери како директна субвенција при купување компјутери.


По повод големиот успех кој го постигна оваа програма минатата година и потребата од комјутери на студентите во Република Македонија, Владата на Република Македонија и Министерството за информатичко општество решија и оваа година да ја спроведат програмата. За разлика од минатата година кога вредноста на ваучерите изнесуваше 12.300 денари оваа година ваучерите ќе се издаваат во номинална вредност од 15.500 денари. Таргет група за која е наменета оваа програма се редовни студенти запишани за прв пат во последна студиска година во учебната 2008/2009 година на било кој државен или акредитиран приватен факултет во нашава земја како и студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби. Редовни студенти за прв пат запишани во завршната година на студии во учебната 2008/2009 година на високо образовните установи во Република Македонија се редовните студенти државјани на Република Македонија запишани на високо образовните установи до 15 ноември 2008 година. Студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби се сите ново запишани студенти во учебната 2008/2009 година и сите студенти кои не го оствариле правото на ваучер согласно Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери. Целта на програмата е зголемување на ПС пенетрацијата во домовите, пред се меѓу помладата ИТ-активна генерација, т.е. студентите на тој начин овозможувајќи ширење на ИТ вештините меѓу фамилијата, пријателите и подоцна на работното место. Кампањата ќе биде спроведена во соработка со сите високо-образовни установи (државните и акредитираните приватни установи) во Република Македонија, како и сите ИТ фирми во земјава кои ќе изразат интерес за учество во програмата.