Заедничка рамка за проценка - CAF

Заедничката рамка за оценка (Common Assessment Framework - CAF) е европски инструмент за управување со квалитетот за јавниот сектор, врз основа на спроведување на самооценување од страна на самата институција. Ова е дополнителна алатка кон низата инструменти воведени за промовирање и спроведување на потполни принципи за квалитет во македонската администрација.

 

ЦАФ моделот се базира на претпоставките дека одличните резултати во организациите се постигнуваат низ водство темелено на инспиративна стратегија и планирање и со поддршка на луѓето како најдрагоцен капитал, преку градење партнерствата, рационално искористување на ресурсите и унапредување на процесите.

 

Истовремено, употребата на CAF и овозможува на организацијата да иницира процес на постојано унапредување во нејзиното работење; да направи проценка на работењето, врз основа на докази за квалитет во управувањето темелени на критериуми широко прифатени низ јавниот сектор во Европа; да ги идентификува подеднакво напредокот, но и слабости во постигнувањата; да пронајде начин да постигне конзистентност и консензус за она што треба да биде направено за да се подобри организацијата; да обезбеди поврзаност помеѓу резултатите што треба да се постигнат и добрите практики како тоа да се направи и да го измери прогресот низ периодични само-оценки.

 

Организациите слободно можат да го прилагодат спроведувањето на моделот според специфичните потреби и контекстуалните околности; сепак, силно се препорачува структурата на моделот со 9 критериуми и 28 поткритериуми, како и употребата на панели за проценка, со цел процесот да се спроведе следејќи одредени насоки.

 

 

Употребата на Моделот на ЦАФ претставува процес на учење за секоја организација. Сепак, секој нов корисник може да има придобивки од сите извлечени поуки од неколкуте години на спроведување. Поради тоа развиен е план за спроведување од десет чекора за да им помогне на организациите моделот да го употребуваат на најефикасен и најефективен начин. 

 

 

Воведувањето на CAF чија цел е постојано унапредување на работењето и процесите во организациите, подобрување на мотивираноста на вработените и следење на перформансите, ќе изврши големо позитивно влијание врз целокупниот систем на јавна управа и ќе придонесат кон постигнувањето на модерна, ефикасна и професионална администрација во служба на граѓаните.  Ваквите  слични иницијативи и модерни практики во примената на меѓународните стандарди за квалитет во управувањето се очекува во иднина да бидат интегриран во сите владини политики и да станат императив во сите јавни институции. 

 

Национална контакт точка за CAF во Република Македонијa

 

Министерството за информатичко општество и администрација претставува национална контакт точка и ресурсен центар за воведување на CAF моделот во Република Македонија. Како централна точка која ги координира активностите за имплементација на CAF моделот во Република Македонија Министерството за информатичко општество и администрација:

  1. е центар со експертиза за имплементација на CAF моделот во институциите во Република Македонија
  2. се грижи за соодветна имплементација на CAF моделот во институциите во Република Македонија
  3. промовира  добри практики во употребата на CAF моделот во јавните администрации во Европа;
  4. Води регистар на институции кои го имплементирале CAF моделот
  5. Обезбедува поддршка на институциите во Република Македонија во однос на имплементација на CAF моделот
  6. Води регистар на сертифицирани обучувачи за CAF моделот во Република Македонија

 

Лице за контакт:

Марија Николоска
телефон: 3200-876
е-mail: marija.nikoloska@mioa.gov.mk

 

 

Документи:

 

Заедничката рамка за оценка - ЦАФ (Common Assessment Framework - CAF)2013

 

Закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба

 

Упатство за воведување на заедничка рамка на процена, формирање и работа на тим за процена, процена на состојбите и подготвување на извештај за состојбите

 

Упатство за приоритизација на мерките за подобрување на состојбата со нивен избор

 

Упатство за подготвување и донесување на план за подобрување на состојбата во постапката за заедничката рамка на процена

 

Препораки за задачите и одговорностите на Координаторот на процесот на воведување на стандарди и инструменти за управување со квалитет

 

CAF Практични насоки и добри примери