Известување за отпочнување со примена на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници

Скопје, 16 февруари 2015 година

Од 13.02.2015 година отпочнуваат со примена Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници. Прва обврска за институциите на јавниот сектор која произлегува од член 17 на Законот за вработените во јавниот сектор, е изготвување и донесување на актот за внатрешна организација и актот за систематизација на работните места на институциите.

 

Законот пропишува постапка за изготвување и донесување на овие акти, која задолжително опфаќа добивање на согласност од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Со цел за поедноставување на постапката за усогласување, како и заради поголемка ефикасност и економичност на истата Министерството за информатичко општество и администрација отвори електронска адреса sistematizacii@mioa.gov.mk на која институциите ќе треба во електронска форма да ги доставуваат предлог актите за внатрешна организација и систематизација, за потоа откако ќе се направи целосно усогласување, да бидат доставени и официјално и да биде дадена согласност по однос на истите.

 

Согласно со Законот за вработените во јавниот сектор, актите за внатрешна организација и за систематизација на работните места треба да бидат донесени до денот на отпочнување со примена на законите, односно заклучно со 13.02.2015 година.

 

Имајќи го во предвид фактот дека за прв пат огромен број на институции ќе бидат соочени со ваквата обврска, за законски утврдена форма на донесување на овие акти, а со цел да има се олесни постапката за донесување на истите, Министерството за информатичко општество и администрација изготви урнеци на акти за систематизација за сите видови на институции на јавниот сектор, кои треба во значителна мерка да ја олеснат постапката за изготвување на овие акти. Во иднина сите информации во врска со имплементацијата на овие два закони ќе бидат достапни на веб страниците administracija.mk и на Министерството за информатичко општество и администрација (www.mioa.gov.mk).

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација