ЗАМЕНИК МИНИСТЕР


ТИМЧО МУЦУНСКИ
ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

 

м-р Тимчо Муцунски е роден на 29.7.1989 година во Берово. Средното образование има завршено во Отава, Канада. Завршил прв циклус на правни студии и дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Јуни 2009 година.

 

По дипломирањето се запишал на постдипломски студии (правни студии од втор циклус). Магистерскиот труд успешно го одбранил на 4.7.2011 година и се стекнал со називот магистер по право. Во 2012 година се запишал на докторски студии (трет циклус студии по правни науки) на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”.

 

Со одлука на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, м-р Тимчо Муцунски за прв пат бил избран за демонстратор во 2009 година. Со одлукa на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“, м-р Тимчо Муцунски во 2015 година е избран во звањето асистент - докторанд.

 

М-р Тимчо Муцунски има екстензивно научно и апликативно искуство од областа на правото. Тој е ко-автор на два основни универзитетски учебници, во издание на Правниот факултет ,,Јустинијан први”, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј”, и тоа: Корпоративно управување (2014) и Право на игрите на среќа (2013). Истовремено тој е и ко-автор на 20 научни и стручни трудови од областа на правните науки објавени во меѓународни научни списанија. Во својство на научен работник има посетено голем број странски универзитети, а во четири наврати бил предавач на пленарен панел на меѓународни конференции организирани од страна на Инстиутот Хариман при Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД. Тој има учествувано во голем број меѓународни научни проекти во соработка со реномирани странски универзитети како и државни институции од земји членки на Европската унија.

 

Во ноември 2015 година м-р Тимчо Муцунски и именуван за Заменик на министерот за информатичко општество и администрација во Владата на Република Македонија.