Втор јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018“

Скопје, 11 мај 2016

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се обрати на отворањето на вториот јавен настан „Отворено владино партнерство – дијалог со граѓанските организации за Националниот акциски план 2016-2018", во организација на МИОА и Центарот за истражување и креирање политики.

 

Целта на настанот е да се презентира првиот нацрт Акциски план за Отворено владино партнерство (2016-2018) изработен во соработка со граѓанските организации, да се допрецизираат новите предлог активности кои произлегоа од едномесечниот консултативен процес, да се поврзат овие предлог мерки со одржливите развојни цели, и да се дизајнира втората нацрт верзија на Акцискиот план за периодот 2016-2018 година.

 

„Со пристапувањето кон глобалната доброволна иницијатива Отворено владино партнерство, Владата на Република Македонија се обврза и ја потврди својата заложба за отворени, транспарентни, сигурни и ефикасни владини институции, кои комуницираат и соработуваат со граѓаните. Обврските во поглед на транспарентноста во вршењето на владините активности, како и вклучувањето на невладините организации, остануваат приоритети во агендата на Владата на Република Македонија“, рече Арсовска Томовска, додавајќи дека тоа го покажува и праксата остварена во однос на соработката меѓу Владата и невладините организации, во градењето на акциските планови за Отворено владино партнерство.

 

„Оваа соработка истовремено е потврда дека креативната енергија на граѓанскиот сектор е активно искористена за подобрување и негување на културата на вклученост и почитување на правата на сите граѓани во процесот на креирање политики, донесување одлуки и закони, како и пристапот до информации“, истакна Арсовска Томовска.

 

Република Македонија во 2011-та година пристапи кон глобалната инцијатива за Отворено владино партнерство. Согласно обврските за сите земји кои се приклучија кон оваа инцијатива, Владата во 2012 година ro усвои првиот Акциски план, a во 2014-та беше усвоен вториот Акциски план за периодот 2014-2016 година.

 

 

 

Односи со јавност при Министерството за информатичко општество и администрација