Свечено доделување на лиценци за инспектори

Скопје, 19 мај 2016 година

 

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски се обрати на доделувањето на првите лиценци за инспектори во Република Македонија, на свеченоста организирана од Инспекцискиот совет на Република Македонија.

 

Муцунски истакна дека инспекциските служби придонесуваат за доследно спроведување на позитивната регулатива во државата, а истовремено значат заштита на владеењето на правото, правата на граѓаните, како и заштита на животот и здравјето на луѓето, на конкурентноста на пазарот и фискалните интереси на Република Македонија.

 

„Воведувањето на лиценца за инспектор е новина опфатена со Законот за инспекциски надзор. Познавањето на општата управна постапка, инспекциската, прекршочната постапка, како и посебната постапка од областа на инспекциската служба, претставуваат основни и клучни предуслови за секој инспектор, кој преку полагањето на испитот, ја докажува и покажува својата стручна подготвеност", рече Муцунски.

 

На настанот се обрати и Иринка Ќосева – в.д. Претседател на Инспекцискиот совет, која упати благодарност до Министерството за успешната и плодна соработка, бидејќи од страна на МИОА навремено беа донесени сите подзаконски акти кои произлегуваат од Законот за инспекциски надзор, меѓу кои и потребните правилници за спроведување на испитот за инспектор.

 

Испитот за инспектор успешно го положија 1040 кандидати. Лиценцирањето на инспекторите, односно воведувањето на испит за инспектори, за прв пат се воведува во Република Македонија и е значаен сегмент од реформата на инспекцискиот систем.

 

 

 

Односи со јавност при Министерството за информатичко општество и администрација