ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење”

Скопје, 07 јуни 2016 година

 

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните службеници во Република Македонија за 2016 година, организира серија на обуки на тема “Административно работење“.

 

Целта на обуката е административните да ги продлабочат знаењата и вештините за секојдневното работење. Теми кои ќе бидат разработени се: законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка. Обуката ќе ја спроведуваат административни службеници-практичари од Државениот управен инспекторат.

 

Целна група на обуката се административните службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои сметате дека имаат  потреба од оваа обука.

 

Обуката ќе се одржи на 08 Јуни 2016 година (среда)  со почеток во 10:00 часот во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61 (во прилог мапа со локацијата на Центарот).

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Мирајете Касами, тел. 02/2400-474, e-mail: mirajete.kasami@mioa.gov.mk.