ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Административно работење “

Скопје, 09 јуни 2016 година

 

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генерички обуки на административните службеници во Република Македонија за 2016 година, на 08. Јуни 2016 година (среда) во просториите на Центарот за обуки на Министерството во Скопје, реализираше обука на тема “Административно работење“.

 

На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со законската регулатива за канцелариското и архивско работење и Законот за општа управна постапка.

 

Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од  Државниот управен инспекторат.

 

Целна група на обуката беа административни службеници службеници кои работат на прием на поднесоци/документи но и лица за кои се сметаше  дека имаа потреба од оваа обука.

На обуката присуствуваа вкупно 14 државни службеници, сите од органите на централната власт.