ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Вовед во Е - влада”

Скопје, 10 јуни 2016 година

 

Ве известуваме дека врз основа на законските надлежности од доменот на стручното усовршување, Министерството за информатичко општество и администрација спроведува циклус од генерички обуки: “Вовед во Е-влада“ со реден број 95. од “Годишната програма за генерички обуки за административни службеници за 2016 година“.

 

Целта на обуката е запознавање со теми од доменот на Е-влада, со акцент на чекорите за имплементација на истата. Ќе биде претставен и разработен поимот на Е-влада, а ќе се презентираат и судии на случај од Република Македонија. Истата ќе ја спроведуваат административни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Предвидено е обуката да се одржи на: 13. јуни 2016 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61.

 

Воедно нагласуваме дека на службениците што ќе присуствуваат на обуката, без претходно уредно доставен допис за номинација, по редовна пошта, нема да им биде дозволено учество на истата.

 

За детални информации, може да се обратите до лицето за контакт: г-а Нита Исмаили, (тел. 02/2400-476, e-mail: nita.ismaili@mioa.gov.mk).