ИЗВЕСТУВАЊАИЗВЕСТУВАЊЕ 10.06.2016 година
Во периодот од 14.06.2016 година до 12.07.2016 година, во просториите на Центарот за обуки на МИОА, ќе се спроведат обуки за користење на Модулот управување со учинок и Модулот извештаи, како компоненти на Информациониот Систем за Управување со Човечки Ресурси (ИСУЧР),
Поканите за учествува на обуката се испратени по електронски пат до сите институции и лица за кои постојат информации во ИСУЧР, т.е. до сите овластени лица од секоја институција и до контакт адреса на институциите.
Поради ограничен број на места за обуката, можно е учество само на еден претставник од секоја институција.
Присуството е можно само во закажаниот термин, и нема можност за менување на истиот. Обуката трае 1 (еден) час.
Трошоците за превоз до Центарот за обуки на МИОА ги обезбедува секоја институција за себе.
Агенда на обуката:
Распоредот со датум и време на присуство на институциите е во поставен овде. |