ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Вовед во Е - влада”

Скопје, 14 јуни 2016 година

 

Ве известуваме дека врз основа на законските надлежности од доменот на стручното усовршување, Министерството за информатичко општество и администрација спроведува циклус од генерички обуки: “Вовед во Е-влада“ со реден број 95. од “Годишната програма за генерички обуки за административни службеници за 2016 година“. Една од работилниците се одржа на 13. јуни 2016 година  во Центарот за обуки на Министерството во Скопје.

 

На обуката беа претставени теми од доменот на Е-влада, со акцент на чекорите за имплементација на истата. Беше претставен и разработен поимот на Е-влада, а се презентираа и судии на случај од Република Македонија. Истата ја спроведоа административни службеници од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

На обуката присуствуваа вкупно 19 административни службеници од централната власт.