Муцунски на „Промовирањето на Microsoft Showcase Classroom“ во Средното медицинско училиште ,,Никола Штејн” во Тетово

Тетово, 16 јуни 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Тимчо Муцунски денеска го посети средното медицинско училиште “Никола Штејн” во Тетово, на промовирањето на Microsoft Showcase Classroom - партнерски проект на Владата на Република Македонија, Мајкрософт Македонија и TDK Компјутери.

 

Главната цел на проектот е модернизирање и олеснување на образовниот и наставниот процес во сите насоки (директор-наставници, наставници – ученици, ученици – ученици, вклучувајќи ги и родителите). Притоа училишната институција ќе се претвори во уште поорганизирана и покреативна средина за учење и соработка, а ќе се зголеми интересот и ангажираноста од страна на учениците во наставниот процес и самостојната работа, поголем развој на нивниот целосен потенцијал преку учење со користење на информатичко-комуникациски технологии.

 

,,Сериозно се инвестира не само во внесувањето на ИКТ содржините во образовниот процес туку и во вметнувањето на нови интерактивни наставни програми, дополнителна едукација на наставниците и наметнување на нов современ начин на едукација.” - изјави Муцунски.

 

Минатата година беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и технолошкиот лидер Microsoft. Воведувањето на пилот проектот "Microsoft Showcase Classroom", всушност претставува конкретен проект кој што произлегува како резултат на нашите заеднички напори и партнерството.

 

На настанот учествуваа и Министерот за Образование и Наука, Пиштар Лутфиу, градоначалникот на Тетово, Теута Арифи, советникот на претседателот на Владата за наука и информатика на Р. Македонија, Азир Алиу, Директорот на Мајкрософт во Македонија, Љупчо Георгиев и Директорот на TDK Компјутери, Јордан Димитровски.

 

 

 

Односи со јавноста при МИОА