Арсовска Томовска во Бон на работнa средба со Клаудија Немат, член на одборот за Европа и технологија на Дојче Телеком

Бон, 21 јули 2016 година

Министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска вчера во Бон, СР Германија, оствари работна средба со Клаудија Немат, член на одборот за Европа и технологија на Дојче Телеком. На средбата, која се одржа во седиштето на Дојче Телеком, се разговараше за идните перспективи за дигитализација на Република Македонија, како и за теми поврзани со е-Влада, е-здравство, е-администрација и таканаречени „паметни градови“.

 

Министерот Арсовска Томовска истакна дека Република Македонија претставува добра дестинација за пилотирање проекти на национално ниво, со оглед на тоа што се работи за мала, но компактна земја која располага со значајни технички и човечки капацитети.

 

Како најголем странски инвеститор во Република Македонија, Дојче Телеком е партнер во имплементацијата на стратегијата на Владата на Република Македонија за дигитализација. Во рамките на посетата, Министерот Арсовска Томовска исто така имаше можност да ја посети лабораторијата на Дојче Телеком за дигитална иднина.

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација