Арсовска - Томовска на средба со холандскиот амбасадор Вилем Воутер Пломп

Скопје, 04 август 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, г-дин Вилем Воутер Пломп.

 

На средбата детално се разговараше за проектите и активностите на Министерството во однос на реформата на јавната администрација и унапредувањето на состојбите во медиумската сфера. Амбасадорот Пломп од своја страна ги пренесе искуствата од неговата земја во однос на овие прашања.

 

За време на состанокот, министерката Арсовска - Томовска се осврна на најновиот извештај на Светскиот економски форум за информатичка технологија за 2016 година, според кој, Република Македонија се наоѓа на 46 место од вкупно 139 земји во светот, со што продолжува позитивното искачување на нашата земја во однос на ИКТ подготвеноста.

 

Двајцата високи соговорници изразија задоволство од средбата и оставија можност за соработка меѓу МИОА и Амбасадата на Холандија во иднина.

 

 

 

Односи со јавноста при Министерството за информатичко општество и администрација