Заменик министерот Муцунски се сретна со Питер Евераерс од ЕУРОСТАТ

Скопје, 5 септември 2016 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски денеска го прими Питер Евераерс, директор на Директоратот за соработка, комуникација и главни индикатори при ЕУРОСТАТ. На средбата се разговараше за тековните активности и проекти на Министерството, законите за коишто МИОА има надлежност, како и нивната примена.

 

Заменик Министерот Муцунски меѓу другото се осврна на проектите од областа на информациско-комуникациските технологии, како што е проектот за Интероперабилност кој овозможува поврзување на државните институции за електронска размена на документи и податоци. На средбата која се одвиваше во конструктивна атмосфера, стана збор и за проектите на МИОА за реформа на јавната администрација чијашто цел е да прерасне во подобар и поефикасен сервис за граѓаните.

 

ЕУРОСТАТ работи со земјите-кандидатки за членство во ЕУ, изразувајќи им поддршка во напорите на патот за влез во унијата.

 

 

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација