Арсовска Томовска на средба со Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите Нации

Скопје, 13 септември, 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации и постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации г-ѓа Луиза Винтон.

 

На средбата се разговараше за заложбите на Република Македонија за постигнување на Одржливите развојни цели (SDGs) како и прифаќањето на „Заедничката декларација за Отворена влада за спроведување на Агендата 2030 за одржлив развој". Притоа беше нагласено задоволството што во Третиот национален акциски план за отворено владино партнерство 2016-2018 година се изврши интегрирање на принципите за одржлив развој.

 

За време на состанокот, министерката Арсовска - Томовска се осврна на тековните проекти и активности во рамките на министерството со акцент за идна можна соработка во областите на креирање на работни места и еднаков пристап во информатичко комуникациските технологии, обуки и искористување на интернет клубовите на министерството, како и вклучување во процесот на подготовка на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2017-2022.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација