МИОА имаше воведно излагање на конференцијата за Отворени податоци

Скопје, 14 септември 2016 година

Стручен тим на Министерството за информатичко општество и администрација учествуваше на денешната конференција на тема: „Отворени податоци за трошење на јавните средства – искуства од регионот и состојба во Македонија”,во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Во воведното излагање, беа посочени мерките што МИОА ги спроведува како координатор на процесот на Отворено владино партнерство, при што посебен акцент беше ставен на приоритетите кои се однесуваат на партиципативно креирање на политики, отворени податоци и фискална транспарентност, добро владеење , спречување на корупција, како и отвореност на локално ниво.

 

Работата на отворена влада е континуирана заложба и Акцискиот план за отворено владино партнерство 2016-2018 година содржи активности за промовирање на транспарентноста и отчетноста. Во исто време овој документ ја промовира отвореноста и можноста за натамошно проширување и продлабочување на утврдените приоритети во тесна соработка со сите чинители во сферата на Отвореното владино партнерство. Министерството и понатаму останува посветено кон унапредување на начините на комуникација, интеракција и обезбедување на отворен и рамноправен дијалог на сите заинтересирани чинители од владиниот, граѓанскиот и приватниот сектор.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација