Работен состанок во МИОА за имплементација на нов софтвер за интегрирано планирање на ресурси за државните органи

Скопје, 14 септември 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска денеска одржа работен состанок со директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, г-динот Васe Доневски.

 

Тема на состанокот беше статусот на имплементација на новото и модерно софтверско решение за интегрирано планирање на ресурсите на државните органи, имено буџетско, финансиско и благајничко работење, основни средства, материјално и магацинско работење и следење на реализацијата на договори, чија имплементација ја координира Министерството.

 

Новото софтверско решение ќе треба да го замени работењето на актуелното, кое е изработено уште во 1993 година и се користи од страна на 29 државни институции. Новото софтверско решение има интуитивен и интегриран интерфејс и обезбедува целосна автоматизација на бизнис процесите, подобрување на оперативната ефикасност и генерирање на извештаи за потребите на раководството, а има капацитет да го поддржи работењето на 50 државни институции.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација