МИОА на Годишната Конференција : ИПА 2 Механизам за граѓанските организации

Скопје, 15 септември 2016 година

Претставници од Министерството за информатичко општество и администрација учествуваа на Годишната Конференција: ИПА 2 Механизам за граѓанските организации, на покана на организаторот, односно граѓанската асоцијација ЗЕНИТ, со цел да биде презентиран позитивниот пример на соработка на министерството со граѓанските здруженија.

 

На првата сесија на настанот, насловена како „Трилатерална соработка на ИПА 2 механизмот - Секторски политики на ИПА 2 и граѓанското општество во Република Македонија“, од страна на претставниците на МИОА беа изнесени позитивните искуства од процесот на консултација на граѓанските организации при изработката на новата Стратегија за реформа на јавната администрација, Отворено Владино Партнерство, Краткорочната ИКТ стратегија, како и во други активности од надлежност на министерството, со надеж дека во иднина соработката со граѓанскиот сектор ќе биде уште поголема.

 

Оваа дводневна конференција се спроведува во рамки на проектот „ИПА 2 Механизам за граѓанските организации„ финансиран од Европската унија, во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година. Настанот го организираше Асоцијацијата Зенит, во соработка со Македонскиот Центар за Европско Образование, Еко-свест и Реактор.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација