Арсовска Томовска во статија на престижниот светски портал за технологија „Networkworld“

Масачусетс, 25 септември 2016 година

Престижниот портал за технологија ,,Networkworld,, во најновата статија за неодамнешниот Светски форум за ИКТ во Холандија, го издвојува учеството на Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, како еден од клучните говорници на форумот.

 

Во статијата под наслов „Global Forum sharpens focus on smart cities“, е пренесен дел од обраќањето на Арсовска Томовска, во кое меѓу другото, таа ги изложува плановите за изградба на дигитална иднина во Република Македонија и ги презентира главните столбови на кои се темели Дигиталната Трансформација.

 

Понатаму, во статијата се вели: „Македонија планира да го удвои бројот на дипломирани информатичари и компјутерски инженери и да го зголеми квантитетот и квалитетот на училиштата и наставниците во технолошките училишта. Намерата е, да се поттикнат децата уште од најрана возраст да се ориентираат кон технологијата- се до универзитетското ниво, што го вклучува формирањето на посебен ИКТ универзитет”.

 

,,Networkworld,, кој е со седиште во Масачусетс, посочува дека учеството на овој светски глобален форум, кој е познат и како ,,Давос на информациско-комуникациските технологии”, се остварува исклучиво на покана на организаторот.

 

Статијата во целост можете да ја прочитате на следниов линк.

 

Инаку, овој форум на кој Министерката Арсовска Томовска се обрати во воведната сесија, годинава се одржа по 25 пат на тема: „Дигитализација: Глобална трансформација-нови практики, на кој се дискутираше за влијанието на дигитализацијата врз развојот на општеството, визии за иднината, нови современи практики, како и примената на дигитализацијата во различните сфери на живеењето. Учествуваа повеќе од 300 учесници од над 40 земји во светот, вклучувајќи високи претставници на повеќе влади од САД до Јапонија, на Европската Комисија, Светската Банка, ОЕЦД, потоа претставници на најголемите технолошки компании во светот, како и врвни професори и иноватори.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација