Заменик Министерот Муцунски се сретна со Заменик Министерот за економски развој на Косово Беса Гаши

Скопје, 28 септември 2016 година

Развој на заеднички проекти во делот на промоција на електронските услуги со цел зголемување на вработеноста, беше една од темите на денешниот состанок меѓу Заменик Министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски и Заменик Министерот за економски развој на Косово, Беса Зогај Гаши.

 

Состанокот на кој присуствуваа и стручни тимови на двете Министерства,се одвиваше во конструктивна атмосфера. Притоа беше констатирано дека соработката може да се оствари на билатерално ниво, со можност за нејзино продлабочување и проширување и во регионални рамки. Муцунски и Гаши во исто време ја потврдија заложбата за остварување на вакви и слични средби и во иднина, во насока на реализирање на идните проекти. Средбата беше остварена во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација