Министерката Арсовска Томовска се сретна со израелскиот амбасадор Дан Оријан

Скопје, 29 септември 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска оствари работна средба со Дан Оријан, амбасадор на Државата Израел во Република Македонија и со почесниот конзул Градимир Шумковски.

 

Средбата беше посветена на можностите за остварување заедничка соработка меѓу Израел и Македонија во однос на проектите за развој на информатичкото општество, со оглед на тоа што Израел како високо развиена технолошка земја поседува голем број на акцелератори, истакнати образовни институции од светски ранг итн.

 

Арсовска Томовска меѓу другото го запозна амбасадорот со проектите на МИОА за развој на ИКТ уште од најмала возраст, како и организирањето најразлични натпревари и хакатони за поттикнување на натпреварувачкиот дух кај младите. Израелскиот амбасадор Оријан од своја страна ги пренесе искуствата на неговата земја во однос на овие теми.

 

Соговорниците се согласија дека постои одлична можност за соработка на билатерален план, и поддршка на тековните и идните проекти на Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерство за информатичко општество и администрација