РЕАКЦИЈА на Министерството за информатичко општество и администрација

Скопје, 04. октомври 2016 година

Почитувани,

Кирацовски продолжува со реализација на својата партиска агенда, во која со големи букви е запишано – ќе јадеме живи луѓе и ќе избркаме од работа од хигиеничар до министер.

 

Секојдневното етикетирање од страна Кирацовски, дека вработените во јавната администрација се партиски кадри, е всушност и најголемиот доказ за неговата намера за реализација на наведената партиска агенда за масовни чистки во администрацијата.

Ваквата намера Кирацовски не може да ја прикрие ниту со додворување, ниту со наводна грижа, ниту со наводно подадена рака за спас од оценување, зошто на истите тие луѓе, веќе им најавија бркање.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација