Редовен годишен состанок со МАП тимот на НАТО

Скопје, 05. октомври 2016 година

Претставници на Министерството за информатичко општество и администрација денеска одржаа редовен годишен состанок со претставници на МАП тимот на НАТО, посветен на реформата во јавната администрација.

 

На состанокот се разговараше за мерките и проектите на МИОА во насока на професионализација на администрацијата и реформите кои се преземаат во таа област, при што меѓу другото стана збор за Новата Стратегија за РЈА, е-Влада, Законот за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници.

 

На состанокот присуствуваше и претставник на Агенцијата за администрација, како и на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација