Арсовска Томовска се сретна со Саша Огненовски- претседател на ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори (ССК)

Скопје, 6 октомври, 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, по вчерашната средба со МАСИТ, денеска одржа работен состанок и со ИКТ-комората при Сојузот на стопански комори (ССК).

 

Претседателот Саша Огненовски ги поздрави активностите на министерството во однос на системскиот приод кон зголемување на обемот на работна сила во ИКТ индустријата, нешто што во моментот и е најпотребно на индустријата. Состанокот меѓу другото беше посветен на тековните и идните проекти на министерството, меѓу кои и оние кои се однесуваат на развојот на електронски услуги за граѓаните. Се зборуваше и за потребата од дополнителна поддршка на Владата на РМ кон развојот на домашната ИКТ индустрија, во вид на даночни ослободувања и обуки.

 

Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка и се согласија дека истата ќе продолжи и во иднина.

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација