Арсовска Томовска се сретна со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија

Скопје, 06. октомври 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, неговата екселенција г-дин Кристијан Тимоние.

 

Средбата беше посветена на меѓусебно запознавање и разгледување на можностите за продолжување на билатералната соработка. Министерката го запозна францускиот Амбасадор со проектите и активностите кои ги спроведува Министерството во однос на реформите на јавната администрација и развојот на информатичкото општество во Република Македонија. Притоа, Арсовска Томовска изрази благодарност за досегашната соработка со Француската амбасада поврзана со успешно реализираните проекти, а Амбасадорот од своја страна изрази подготвеност за продолжување на таквата соработка и во иднина.

 

Г-дин Кристијан Тимоние е дипломат од кариера и дојде на местото на досегашната амбасадорка Лоренс Оер.

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација