Арсовска Томовска се сретна со новата директорка на РЕСПА

Скопје, 25 октомври 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска се сретна со новата директорка на Регионалното школо за јавна администрација (ReSPA), Ратка Секуловиќ, која на оваа позиција дојде во јули 2016 година.

 

Целта на средбата, на која што присуствуваше и оперативниот директор на РеСПА, Влатко Наумовски, беше меѓусебно запознавање, претставување на тековните и идните активности и разгледување на начините за идна соработка. Министерката Арсовска Томовска меѓу другото ги претстави реализираните проекти на МИОА во насока на реформа на јавната администрација, а се разговараше и за актуелните предизвици со коишто се соочуваат земјите во регионот во однос на овие прашања.

 

РеСПА е меѓународна организација, создадена на иницијатива на Европската унија и земјите од Западен Балкан, која работи на поттикнување и зајакнување на регионалната соработка помеѓу земјите-членки во областа на јавната администрација, управување со човечките ресурси и реформа на државните служби. Седиштето РеСПА е во Даниловград во Црна Гора.

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација