Заменик министерот Муцунски во Њујорк оствари средба со Потсекретарот на Обединетите Нации, Ву Хонгбо

Њујорк, 25 октомври 2016 година

Во рамки на посетата на Обединетите Нации во Њујорк, Заменик Министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски оствари средба со Потсекретарот за економски и социјални прашања на ОН, Ву Хонгбо. Двајцата соговорници детално разговараа за Целите за одржлив развој на Обединетите Нации и за начините, како глобалната заедница да посвети посебно внимание во нивната имплементација.

 

Хунгбо изрази позитивно мислење за реформските мерки кои ги превзема Владата на Република Македонија во врска со процесот на реформа на јавната администрација и вети експертска помош од страна на ООН, при изработката на конечната верзија на Стратегијата за реформа на јавната администрација.

 

Муцунски и Хунгбо се согласија дека и понатаму треба да продолжи продлабочувањето на соработката со ООН, особено од гледна точка на размена на искуства и експерти од областа на реформа на јавната администрација и примената на иновативни ИКТ решенија во работењето на јавниот сектор.

 

Во текот на својот престој во Њујорк, Заменик Министерот Муцунски оствари повеќе средби со претставниците на Директоратот за јавна администрација и менаџмент на развој, како и со членови на Комитетот на експерти за јавна администрација.

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација