Арсовска Томовска се сретна со Потпретседателот на кинеската компанија „Bright Oceans Corporation“-BOCO

Скопје, 8.ноември 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска оствари средба со г. Chu Yuxin од кинеската компанија Boco – „Bright Oceans Corporation“, која е во посета на Македонија со цел подобро запознавање со земјата и регионот и потенцијални можности за инвестирање. На средбата присуствуваше и директорот на Управата за електронско здравство Милан Аризанкоски кој го презентираше македонскиот ИТ систем за е-здравство.

 

На состанокот беше презентиран информациониот систем кој компанијата Boco го има поставено во Кина, специјализиран во телемедицина и размена на 3Д рендгенски снимки. Притоа, договорени се повеќе средби кои треба да се остварат во следниот период, со цел размена на искуства на ова поле.

 

Инаку, кинеската компанија Boco со 12.000 вработени, има реализирано околу 90% од инфраструктурата на China Telecom, China Mobile и China Unicom и има годишен обрт од три милијарди долари. Покрај проектите од ИТ индустријата, работи и во делот на енергетиката и рударството, а е партнер на светски познатите имиња како што се IBM, Oracle, HP, Ericsson, Microsoft.

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација