Работен состанок за Краткорочната ИКТ Стратегија 2016-2017

Скопје, 10 ноември 2016 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска - Томовска одржа работен состанок со претставниците на Сојузот на Стопански комори и на Здружението на Информатичко-комуникациски технологии при Стопанската Комора на РМ.

Состанокот беше посветен на Краткорочната ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план, чија цел е да се зголеми придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и создавање нови работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии.

 

Учесниците ги разгледуваа тековните и идни планови за реализација на предвидените активности и мерки. Исто така имаа можност да дадат свои предлози и сугестии за понатамошен развој на информатичкото општество во Република Македонија.

 

Меѓу другото, се разговараше за дигиталната трансформација на општеството, поголема конкурентност на македонските ИКТ компании и производи, како и брендирање и позиционирање на македонската ИКТ индустрија. Најавена беше и подготовка на долгорочна ИКТ стратегија во текот на следната година, и беше побарана вклученост на трите информатички здруженија во нејзината изработка.

 

Односи со јавноста при

Министерството за информатичко општество и администрација