Одржани воведните состаноци за проектите на МИОА од програмата ИПА 2012

Скопје, 11 ноември 2016 година

Министерката Марта Арсовска-Томовска и тим на Министерството денеска одржаа воведен состанок (kickoff) за проектот насловен како: "Supply of Equipment for the Continuation of the Interoperability within the Government Institutions". Целта на овој проект е проширување на системот за Интероперабилност со лиценци и опрема за позадинските системи на институциите вклучени во проектот. На состанокот кој се одржа во просториите на Министерството, присуствуваа и претставници на компанијата ,,NextSense". Меѓу другото беше разговарано за динамиката за спроведување на проектот, како и за запазување на сите процедури кон Европската Унија.

 

Во вторникот, пак, се одржа воведниот (kickoff) состанок со претставниците на италијанскиот конзорциум "Archidata", спроведувачи на проектот ИПА 2012 “Public administration reforms assistance and strengthening the capacities of MISA” . За време на состанокот беа презентирани четирите клучни компоненти на проектот: Компонентата за Реформа на јавната администрација, Националниот Портал за Е-услуги, Националниот Регистар на Население и проектот Оцени ја администрацијата. Беа анализирани проектните цели и резултати кои Министерството за информатичко општество и администрација ги очекува од проектот. Воедно беше претставена управувачката структура на проектните изведувачи, тим лидерот на проектот како и експертите кои ќе бидат задолжени за неговата имплементација, по што беа дефинирани процедурите за комуникација, известување. Присутните имаа можност да дадат дополнителни предлози и сугестии, со цел оптимална реализација на проектот.

 

Со тоа се обезбедија услови за отпочнување на двата проекти на МИОА кои ќе се финансираат преку компонентата ИПА 2012.

 

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација