Проектот „Macedonian Education Network Project“ претставен на конференцијата „Smart city“ во Барселона

Барселона, 15 ноември 2016 година

По потпишувањето на Договорот за економска и техничка соработка во Рига, помеѓу Народна Република Кина и Владата на Република Македонија, официјално започна спроведувањето на проектот „Macedonian Education Network Project“.

 

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска, деновиве учествува на Светската конференција „Smart city“ која се одржува во Барселона, каде и беа презентирани smart училниците кои кинеската влада ќе ги донира во средните училишта во Град Скопје. За време на презентацијата беше остварена комуникација во реално време со тренинг центарот во Кина, кој е во сопственост на изведувачот на проектот Huawei. Министерката имаше можност да го користи софтверот преку кој учениците ќе ја следат наставата, а професорите полесно ќе ја предадат планираната наставна програма, ќе спроведуваат тестови или брзи квиз прашања, како и презентација на најдобрите решенија од учениците за време на часот.

 

За време на конференцијата министерката оствари средби и со претставниците на Deutsche Telekom кои го презентираа smart решението за отворени податоци и решението за полнење на електрични автомобили.

 

 

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација