МИОА известува дека донесе Годишна програма за генерички обуки на административните службеници за 2017 година

Скопје, 26 декември 2016 година

 

Согласно член 58, став (1) од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016 и 142/2016), укажуваме на обврската за органите и институциите од член 3 став (1) од истиот закон, за донесување на Годишен план за обуки на административни службеници, по претходно добиено мислење од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Заради соодветно добивање на мислење од Министерството за информатичко општество и администрација, потсетуваме за достава на Годишен план за обуки на административните службеници за 2017 година од институциите, најдоцна до 23. декември 2016 година.

 

Воедно потсетуваме дека треба да се предвидат најмалку 5 генерички обуки за развој на компетенциите, чиишто редни броеви се внесуваат во Индивидуалниот план за стручно усовршување на секој службеник. Овие обуки се избираат од Годишната програма за генерички обуки на административните службеници за 2017 година. Врз основа на овие планови се подготвува Годишниот план за обуки како збир од податоците за сите вработени во институцијата. Детален опис на податоците и изгледот на овие планови е даден во Правилникот за содржината и формата на годишен план за обуки на административните службеници и извештајот за негова реализација (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/2014). Согласно овој правилник, молиме документот (во Excell табела) дополнително да го испратите и во електронска форма, на следнава веб адреса: obuki@mioa.gov.mk.

 

Образец за ГПО