Арсовска Томовска панелист на „Глобалниот самит на жени лидери 2017“

Скопје, 18 февруари 2017 година

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на вториот ден од „Глобалниот самит на жени лидери 2017“. Таа говореше на панелот „Лидери на дигиталната економија“, на тема: Иднината, во време на дигитализација и мобилност“.

 

Арсовска Томовска притоа се осврна на технологијата како професија која нуди многу можности, придонесува за отворање на нови работни места, и наоѓа примена во сите сфери на општеството. Министерката воедно потенцираше дека Република Македонија уште во 2012 од страна на Обединетите Нации, беше посочена како земја со најиновативен пристап во мотивирањето на младите жени и девојки да се вклучат во технологијата, преку иницијативата „Девојки во ИКТ“ која е се уште актуелна.

 

Истакнувајќи дека работните места во технологијата стануваат се подефицитарни и дека јазот меѓу можностите и потребите е се поголем, таа порача дека информатиката не е само машка професија и дека на младите девојки и жени треба да им се сугерира да ја изберат, бидејќи оваа професија обезбедува сигурна иднина.

 

Дводневниот „Глобалeн самит на жени лидери 2017“, ги обедини жените кои се успешни во својата професија во најразлични области: политика, економија, дипломатија, претприемништво, новинарство.  Учествуваа над 40 еминентни жени лидери во улога на панелисти и преку 300 гости од земјава и странство.

 

 

Односи со јавноста при Министерство за информатичко општество и администрација