ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Систем за управување со учењето (СУУ)”

Скопје, 23 февруари 2017 година

 

Ве известуваме дека врз основа на законските надлежности од доменот на стручното усовршување, Министерството за информатичко општество и администрација воведе електронски  Систем за управување со учењето (СУУ). Овој систем овозможува обуки во електронска форма, а со цел за максимален опфат на административни службеници - слушатели. Истиот нуди тематски обуки за развој на компетенциите според Рамката на општи компетенции, како и дополнителни содржини од важност за државната управа.

 

Во функција нa реализација на  Годишната програма за генерички обуки за административните службеници за 2017 година,  Министерството за информатичко општество и администрација организира циклус од еднодневни обуки за користење на СУУ. Целна група на обуката се исклучиво административните службеници од организационите единици за ИТ. Целта на оваа обука е стекнување на знаења за одржување и администрирање на СУУ за административните службеници -корисници од институциите.

 

Предвидено е обуката да се одржи на: 24. Февруари 2017 година (петок), со почеток во 10:30 часот, во просториите на Центарот за обуки на Министерството за информатичко општество и администрација, со адреса: бул. “Јане Сандански“ 61.

 

За сите дополнителни информации, Ве молиме да ја контактирате г-а Нита Исмаили, Помлад соработник (тел.: 2400-476; e-mail: nita.ismaili@mioa.gov.mk).